Угостителските услуги за една година поскапеле за 10%

Bez autora
Jan 10 2024

Цените на угостителските услуги за една година поскапеле за 10 отсто. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека само од ноември до декември цените се зголемиле за 0.5 проценти, додека пак индексот на цените на угостителските услуги во декември минатата година во однос на истиот месец од претходната е зголемен за 6.5%.

Според економскиот аналитичар, Абил Бауш ова е очекувано, а се должи на неколку фактори.

„Едно е недостатокот на работна сила, нема професионален кадар и мора да се наоѓаат алтернатива, од друга страна и стандардите кои ги вметнуваме во тие услужни сектори се покачени и тоа се  влиаје на цената на чинењеНие цел фокус го префрливме во основните прехранбени производи, но заборавивме дека услужните добра и те како имаат влијание во нашето живеење и тие дури и ни го кројат стандардот на живеење на граѓаните и беше нормално да има покачување на цените.“ – вели Бауш.

Но, освен цените на угостителските услуги, дали треба да очекуваме и раст на цените на храната и пијалоците? Професорот Борче Треновски Очекува стабилизација на цените и значајно намалување пред се на храната, но сепак вели остануваат ризиците, глобалните односно геополитичките збиднувања, како и домашните фактори, како што се транспортните трошоци, цената на работната сила.

„Глобалните пазари пополека се приспособија, синџирите на набавка кои беа прекинати се прераспределија односно имаме едно прилагодување во таа насока, дополнително економската активност следната година, глобална пред се, која ќе влијае и кај нас на цените на храната се намалува односно имаме надолен тренд што дополнително ќе влијае на помала побарувачка и тоа ќе предизвикува исто намалување и стабилизирање за притисок на цените пополека да се намалуваат, меѓутоа не смееме да заборавиме дека ризиците глобално и  воопшто на глобалното движење на цените на храната и кај нас се значајни. Геополитичките збиднувања брзо се менуваат, тоа тешко може да се предвиди. Имаме над 3.000 трговски огранучувања веќе воспоставени меѓу земјите што дополнително може да предизвика промени и ескалација во таа насока.“ – вели Треновски.

Минатата година инфлацијата во земјава изнесуваше над 9%, а пертходната 2022 година достигна до 20%. Во меѓувреме последните пресметки на ССМ покажаа дека речиси илјада евра месечно му се потребни на едно четиричлено семејство за да го помине месецот.  Истовремено новата методологија за растот на трошоците покажува дека платите не растат доволно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik